За нас

Почитуван посетителу,

добредојде во Светот на НЕТИСМАК.

Брендот НЕТИСМак се појави и успешно се развива од 2009 година се до денес.

Ние, сме сигурни дека само квалитетните производи и квалитетната услуга е приоритет за нашите клиенти.

Фирмата е лоцирана во Прилеп со основна дејност за продажба, монтажа и одржување на безбедносна и мрежна опрема.

Нашата палета на производи вклучува

  • системи за видео надзор
  • алармни уреди
  • детекција и дојава на пожар
  • видеофонија и домофонија
  • контрола на пристап
  • автоматика и погон на секаков тип на врати
  • рампи и комплетни паркинг системи
  • хотелски брави и системи

Започнавме како мала фирма со 100% приватен капитал.

Континиураното инвестирање во вработените, опремата, алатот и машините низ годините полека но сигурно ја издигнува фирмата.

Располагаме со 4 моторни возила целосно опремени со алат и опрема за извршување на секојдневните работни задачи како што се монтажа и одржување на мрежни системи и безбедносни системи.